Рита, сопругата на ѕвездата на Манчестер сити, Ријад Марез и шампионот во тешка категорија Ентони Џошуа се во „тајна врска“, тврди британскиот таблоид „Сан“.
26-годишната Рита, која е модел и пејачка, наводно била видена со Џошуа во лондонскиот клуб „Тејп“ во петокот, откако таа и алжирскиот капитен Марез се согласиле на разделба.
„Рита наиде на Еј Џеј на излегување од клубот и тој ја покани да седне на неговата ВИП маса во клубот. Рита, очигледно, сметаше дека Еј Џеј е згоден и тие вечерта ја поминаа во флертување. Тој немаше поим која е таа, но кога сопственикот на клубот посочи дека е сопруга на Ријад, боксерот се чувствуваше незгодно“, вели изворот на „Сан“.
Џошуа е сингл по раскинувањето со танчерката Никол Озборн во 2016 година. Ријад и Рита Марез се заедно до 2015 година и имаат две деца. Боксерите се очигледно „слаба точка“ на Рита, откако претходно се шпекулираше дека е во врска со американскиот ривал на Џошуа, Дионтеј Вајлдер.
Портпаролот на Џошуа изјави дека тој е разочаран од тоа што неговото име се користи за добивање на публицитет на „ваков начин“.