Top Sport

А Бола: Свилар ќе брани за Србија

Португалските медиуми во саботата објавија дека младиот голман на Белгија, Миле Свилар, решил во иднина да настапува за репрезентацијата на Србија.

18-годишниот голман е син на поранешниот голман на Војводина и репрезентацијата на Југославија, Ратко Свилар. Тој е роден во Антверпен, Белгија и досега ги има поминато сите помлади категории на белгиската репрезентација.

Свилар кариерата ја започна во Андерлехт, а оваа сезона изби во прв план во Бенфика, каде се избори за место во стартната постава. Свилар стана најмлад голман кој бранел на натпревар во Лигата на шампионте и најмлад голман кој одбранил пенал во елитното натпреварување.

Изминатите три недели тој е во центарот на вниманието на фудбалската јавност, поради што и започнаа шпекулациите за која репрезентација ќе настапува.

Како што објави „А Бола“, повикувајќи се на зборовите на Зоран Филиповиќ, Свилар му потврдил дека сака да игра за Србија и дека ќе дебитира наредната година.

„Свилар рече ‘да’ и ќе игра за Србија. Ќе дебитира наредната година“, рекол Филиповиќ, кој е дел од стручниот штаб на српската репрезентација.

Од белгиска страна, во четвртокот, селекторот Роберто Мартинез рече дека тие нема да се откажат од младиот голман.

Инаку, Србија на 10 и 14 ноември ќе одигра пријателски натпревари против Кина и Јужна Кореја, а Свилар од административни причини не се најде на списокот на в.д.селекторот Младен Крстајиќ.

Scroll to Top