Top Sport

Болоња ја прекина лошата серија против Каљари

Болоња на Синиша Михајловиќ по три меча, конечно запиша победа во Серија А, стигнувајќи до 2:0 победа над Каљари, кои по три порази во низа остануваат заглавени на последното место на табелата.

Водството на Болоња го обезбеди Лоренцо де Силвестри во 50. минута по убавата акција на Марко Арнаутовиќ, пред Арнаутовиќ да стави точка во 97. минута од мечот кога гостите останаа со играч помалку.

Болоња се наоѓаат на 11. место со 15 освоени поени, додека Каљари се на последното место на табелата со 6 поени и само една победа цела сезона.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top