Top Sport

Болоња лесно се справи со Сампдорија

Фудбалерите на Болоња, во првиот денешен натпревар во Серија А, ја совладаа Сампдорија со 3.1. Болоња, во 27. коло, ја забележа осумата победа оваа сезона. Тимот на Синиша Михајловиќ се оддалечи од опасната зона, сега има 31 бод.

Водечкиот гол за Болоња го постигна Бароу во 27.минута. Ветеранот Кваљарела израмни на 1:1, десет минути подоцна. До крајот на полувремето Болоња ја врати предноста. Во 41.минута гол постигна Сванберг.

Конечниот резултат го постави Сориано во 70.минута.

Во наредната рунда Болоња ќе гостува кај Кротоне, додека Сампдорија ќе го пречека Торино.

Scroll to Top