Top Sport

Болоња одигра за Џенова, го „турна“ Лече кон Серија Б во 93 минута

Калчолигашот Болоња стигна до победа од 3-2 против Лече во натпреварот од 36. коло во Серија А. Пулените на Синиша Михајловиќ успеаја да победат по долга пауза и тоа со погодок во 93 минута.

Резултатот беше отворен уште во 2 минута. Паласио стрелаше за 1-0. Во петтата минута веќе беше 2-0, со погодокот на Сориано.

Сепак, гостите се разбудија во финишот на првото полувреме. Во последните моменти пред судискиот свиреж за пауза Манкосу намали на 2-1, а во вториот дел, во 66 минута Фалко погоди за 2-2.

Кога сите на „Ренаро Дал`ара“ помислија дека ремито е неизбежно, Бароу на асистенција на Орсолини во 93 минута носи победа со 3-2.

Трите бода за Болоња не значат многу, но со овој триум им направи услуга на Горан Пандев и Џенова затоа што Лече е директен конкурент во борбата за опстанок во лигата.

Scroll to Top