Болоња на Синиша Михајловиќ доживеа втор висок пораз во последните три меча за се зголемат шпекулациите дека српскиот тренер ќе добие отказ од „Ренато Дал’Ара“, додека неговиот сонародник, Душан Влаховиќ пак беше стрелец за Фиорентина да се искачи на петтото место на табелата.
Емполи имаше водство уште во првата минута од мечот, кога Бонифаци си постигна автогол, но Муса Бароу ги врати Болоња во игра во 11. минута. Потоа, „рособлу“ пропуштија шанса за водство кога Марко Арнаутовиќ утна пенал, по што Пинамонти во 32. минута пак ги донесе Емполи во водство. Недим Бајрами во 53. минута зголеми на 3:1, Арнаутовиќ се оправда во 77. минута за 3:2, но на крајот Ричи врати предност од два гола во 90. минута.
СЕРИЈА А, 6.КОЛО
Емполи – Болоња 4:2
Сасуоло – Салернитана 1:0
Удинезе – Фиорентина 0:1