Интер вечерва ќе ја пречека Болоња во 10.Коло, во Серија А. Болоња на Синиша Михајловиќ ќе се обиде да го повтори резултатот од минатата сезона, кога успеа да го победи Интер на „Џузепе Меаца“.
Михајловиќ, подготвувал тактика со која ќе се обиде уште еднаш да го изненади колегата Антонио Конте и воедно имсе пожалил на новинарите дека има „крт“ во соблекувалната“, кој на медиумите им дава информации околу тактиката и можниот состав.
„Испробав нова формација само за да проверам дека некој на медиумите им дава информации. Намерно го направив тоа. Истражувам и ќе откријам кој ги открива тајните, а кога ќе го најдам, повеќе нема да игра. Да се разбереме, не знам за кого станува збор, се обидувам да дознам“, рекол Михајловиќ.
„Се што работиме, наредниот ден пишува во весниците. Нема да биде смешно на „кртот“ кога ќе го откријам. Сите знаат како ќе игра Болоња, тоа не е случај со другите тимови“.