Top Sport

Болт ги постигна првите голови во профи кариерата (Видео)

Најбрзиот човек во светот, Јусеин Болт, го постигна првиот гол во својата професионална кариера.

Болт постигнал два гола во победата 4:0 на неговиот тим Централ Коуст Маринерс, над второлигашот Макартур Саут Вест јунајтед.

Светскиот рекордер на 100 и 200 метри, првиот гол го постигна во 55.минута, кога во манир на врвен стрелец го изненади противничкиот голман, а 15 минути подоцна ја искористи грешката на еден од дефанзивците и голманот на Макартур Саут Вест јунајтед.

„Прв пат се најдов во стартната постава и постигнав два гола. Чувството е одлично. Среќен сум што дојдов тука и што му покажав на светот дека напредувам. Сакам да станам „Маринер“, да играм на највисоко ниво и да се изборам за место во стартната постава“, рекол Болт по натпреварот.

foto: epa

Покрај Болт мрежата на противничкиот тим ја погодија Мекормак и Мари.

Scroll to Top