Top Sport

Болт вели дека има професионален фудбалски договор! (видео)

Јусеин Болт немаше најдобро збогување со атлетиката, спортот што го направи мега-ѕвезда по настапите на Светското првенство во Лондон во 2017 година, но сите негови фанови го очекуваат неговиот следен потег.

Шпекулациите велеа дека тој може да се врати на тркачките патеки, но најголемите шпекулации се за трансфер во фудбалот. Болт од почетокот не ја криеше својата љубов кон Манчестер јунајтед, а исто така имаше и договор со Борусија Дортмунд за присуство на тренинзите.

Сега, Јамајчанецот реши да најави дека потпишал договор со фудбалски клуб и дека тоа ќе го потврди во вторник наутро.

Најверојатно се работи токму за Дортмунд, бидејќи тој и клубот имаат ист спонзор во „Пума“, но тој неодамна тренираше и со Мамелоди сандаунс во Јужна Африка, така што дел од фановите мислат дека тој ќе игра во јужноафриканската лига.

Scroll to Top