Top Sport

Бомба во најава на „Иланд роуд“ – Дракслер соиграч на Алиоски во Лидс?

Како се ближи крајот на преодниот рок во Англија, клубовите „додаваат гас“ за да ангажираат засилување за новата сезона.

Новиот премиерлигаш Лидс јунајтед, клубот каде со успех настапува нашиот репрезентативец Езџан Алиоски има шанси за идната сезона да се засили со фудбалерот на ПСЖ, Јулијан Дракслер (26).

Брзоногиот германски фудбалер кој на „Паркот на принцовите“ дојде во 2017 одигра 140 меча за „Светците“, но се чини не успеа да се наметне во првиот состав.

Проблем за Лидс да го привлече Германецот во екипата е неговата годишна плата од 7 милиони евра што моментно ја зема во ПСЖ

Директорот на парискиот клуб, Леонардо силно посакува да го продаде Дракслер за да има доволно пари на располагање на крајот на преодниот рок.

Досега тимот од „Иланд роуд“ потроши 68 милиони евра, од што половината за Родриго од Валенсија, а доколку тимот на Биелса успее да го доведе и Дракслер, тоа би било вистинска бомба на Островот.

Scroll to Top