Леонардо Бонучи вели дека би ја загубил контролата ако играше за Јувентус во драматичната завршница на четврт-финалето од ЛШ против Реал Мадрид.
Голманската легенда Џанлуиџи Буфон влезе во конфликт со англискиот судија Мајкл Оливер откако тој досуди пенал во 93. минута од мечот додека Јуве водеше со 3:0 и ја имаше елиминирано предноста на Реал од првиот меч, по што доби црвен картон, а Кристијано Роналдо постигна гол за пласман во полуфиналето.
Бонучи, кој замина од Јуве во Милан на крајот на минатата сезона, вели дека е добро што тој не бил таму кога бил досуден тој пенал.
„Си помислив: ’Фала Богу што не сум таму’. Бидејќи немаше да можам да ја задржам контролата. Џиџи е најголемиот голман во историјата на фудбалот и целосно го сфаќам“, вели Бонучи за „Премиум спорт“.
Буфон: Повторно би го кажал истото, иако си ја нарушив репутацијата