Top Sport

Бонучи верува во „проектот Милан“

Леонардо Бонучи вели дека  и покрај тоа што беше член на Интер и на Јувентус, има целосна доверба во новиот „проект Милан“, откако тимот доби нов кинески сопственик. Пред неделното дерби со Интер, „Сан Сиро“ ќе биде преполн со италијански рекорд од 4.8 милиони евра потрошени за билети.

„Овој стадион носи историја во фудбалот и е најзначајна спортска арена во Италија. Секогаш има некаков ефект кога ќе излезеш на теренот. За среќа, сега навивачите ќе бидат на мојата страна. Со нив ќе го пребродиме овој тежок период. Проектот на ’росонерите’ е тоа што ме натера да го прифатам предизвикот, иако знаев дека нема да биде лесно. Целта е да се не се ограничуваме во Серија А или Лигата на Европа. Минималната цел е да се пласираме во Лигата на шампионите“, објаснува Бонучи.

Бонучи дебитираше во Серија А со Интер.

„Пристигнав кога имав 17 години и поминав две одлични години во нивната академија. Во Јувентус дојдов на 23 години по првото Светско првенство и не беше лесно на почетокот, бидејќи дресот на Јуве, исто како тој на Милан носи многу притисок за младите луѓе. Сега сум пред нов старт“, додава италијанскиот репрезентативец.

Scroll to Top