Top Sport

Борба за женска еднаквост – Данките одбиваат да играат без пари

Женскиот квалификациски натпревар за Светското првенство меѓу Данска и Шведска е откажан поради тоа што данските фудбалерки се во конфликт со федерацијата поради исплата на пари.

Данките претходно одбија да играат пријателски натпревар против Холандија поради условите за исплата, и Данската фудбалска федерација (ДБУ) призна дека мечот во Гетеборг е откажан.

Федерацијата понудила зголемување на парите за женскиот фудбал за 2 милиони круни (околу 260 илјади евра) годишно, за да се поделат повисоки плати, бонуси и да се засили техничкиот тим. Машката репрезентација се понуди да се откаже од 500.000 круни (67 илјади евра), но ова беше одбиено.

Данска играше во финалето на Евро 2017 година, губејќи од домаќините Холандија ова лето.

Scroll to Top