Top Sport

Борјан сака да ја напушти Црвена звезда

Капитенот на Црвена звезда, голманот Милан Борјан, побарал дозвола да го напушти клубот во зимскиот преоден рок.

Репрезентативецот на Канада, на состанок со клупските челници, по завршувањето на есенскиот дел од сезоната, ја соопштил својата одлука.

Борјан рекол дека жестоката расправија, која ја имал со тренерот Дејан Станковиќ, нема врска со неговата одлука. Едноставно не можел повеќе да се носи со притисокот. Имал желба на некои мирно место да ја заврши кариерата.

Борјан има договор до јуни 2023 година и барем засега Црвена звезда нема намера да му ја исполни желбата.

Борјан е член на Црвена звезда од 2017 година. Тој е еден од најзаслужните за успесите на клубот во изминатите пет години.

Scroll to Top