Top Sport

Борнмут има нов тренер, долгогодишниот асистент во клубот!

Новиот член на Чемпионшип, екипата на Борнмут која во последното коло ги загуби шансите за опстанок во Премиерлигата има нов тренер. Џејсон Тиндал, асистентот на досегашниот менаџер на екипата, Еди Хју ќе ја предводи екипата во наредната сезона.

Хју и Тиндал на почетокот на 2009 година заедно дојдоа на клупата на Борнмут кога клубот се бореше за опстанок во четвртата лига.

Во 2015 година првпат во историјата на клубот успеаја да го донесат во елитата, во Премиерлигата.

Иако тимот игра на убедливо најмалиот стадион во ПЛ, Борнмут цели 5 години им парираше на англиските гиганти, но на крајот на штотукузавршената сезона испаднаа со бод помалку од Астон Вила.

Една недела по изпаѓањето Хју ја напушти клупата, а одговорноста ја презема Тиндал.

Scroll to Top