Ливерпул и Борнмут во еден ден заклучија два трансфери. Борнмут го купија од Ливерпул напаѓачот Доминик Соланке, а на позајмица го донесоа десниот бек Натаниел Клајн.
Борнмут за услугите на Соланке на Ливерпул му платиле 19 милиони фунти. Напаѓачот потпишал повеќегодишен договор. Други детали од трансферот не се објавени.
„Мислам дека клубот се движи во вистинскиот правец. Во последните неколку години се добри во Премиер лигата и секогаш имаа добра позиција на крајот од сезоната. Мислам дека Борнмут е добар клуб, особено за играч на моја возраст“, рекол Соланке.
Соланке својата кариера ја започнал во Челси, откаде заминал на позајмица во Витесе. Во 2017 година се преселил во Ливерпул и успеал да настапи на 30 натпревари.
Десниот бек Клајн, до крајот на сезоната ќе го носи дресот на Ботнмут. Англискиот репрезентативец минатата сезона доживеа повреда која подолг период го одвои од фудбалскиот терен, а по враќањето не успеа да се избори за место во тимот на Јирген Клоп.