Top Sport

Борусија Дортмунд: Арсен Венгер покажува непочитување

Михаел Цорк, спортскиот директор на Борусија Дортмунд вели дека начинот на кој Арсен Венгер зборува за врските на Арсенал со Пјер-Емерик Обамејанг покажуваат непочотување.

Венгер, откако беше запрашан за шпекулациите дека Арсенал ќе го замени Алексис Санчез со габонскиот интернационалец, даде чуден одговор.

„Такви работи е подобро да остануваат тајни. Ќе го објавиш кога ќе ја поминеш целта“, изјави Венгер.

Германскиот тим не сака да се раздели со Обамејанг и покрај неговите три казни поради недисциплина оваа сезона, и Цорк беше јасен.

„Нема контакт со Арсенал. Претпоставуваме дека Венгер има доволно проблеми со своите играчи. Оваа изјава ја сметаме како непочитување – никогаш не зборуваш за играчите на другите клубови“, вели Цорк.

Scroll to Top