Top Sport

Борусија Дортмунд грабна уште еден англиски талент!

Борусија Дортмунд очигледно стана „Ел Дорадо“ за англиските фудбалски надежи, откако по Џејдон Санчо и Џуд Белингем, уште еден млад Англичанец реши да замине во Германија – 16-годишниот напаѓач на Манчестер сити, Џејми Бајноу-Гитенс.

Спортскиот директор на Дортмунд, Михаел Цорк го потврди доаѓањето на фудбалерот од академијата на Сити, кој веќе има настапи во У-17 репрезентацијата на Англија. Бајноу-Гитенс го следи чекорот на Санчо, кој имаше 17 години кога си замина од Премиер лигата во 2017 година, по што имаше 30 гола и 35 асистенции во 79 настапи во Бундеслигата.

„Пресреќни сме што донесовме уште еден млад фудбалер, кој ќе започне во У-19 тимот. Нашите скаути повторно завршија фантастична работа“, вели Цорк.

Scroll to Top