Пјер-Емерик Обамејанг го очекува експресно напуштање на Борусија Дортмунд, откако германскиот бундеслигаш подготвува да го продаде во јануари на било кој тим што ќе ја плати цената од 54 милиони евра.
Обамејанг имаше тешки невколку недели и постојано беше на удар на јавноста поради слабите перформанси, но и поради дисциплинските проблеми.
Откако доцнеше на тренинзи, Борусија го суспендираше, пред да го врати во тимот – тој даде еден гол во шокантниот 4:4 натпревар со Шалке, но и доби два жолти картони оставајќи ги „милионерите“ со играч помалку во финишот на мечот.
„Билд“ тврди дека и самиот 28-годишен репрезентативец на Габон, сака да замине од тимот поради односот кон него.