Откако загуби две ѕвезди во контроверзни услови, директорот на Борусија Дортмунд, Ханс-Јоаким Вацке вели дека нема да се толерира „принудување“ на трансфер како во случаите со Усман Дембеле и Пјер-Емерик Обамејанг.
Прво во текот на летото, Дембеле ги бојкотираше тренинзите на клубот за да добие право да преговара со Барселона, за на крај во август да биде продаден за 105 милиони евра. Во јануари пак, Обамејанг беше суспендиран за пропуштање на тимските состаноци, за во последниот ден од преодниот рок да биде продаден на Арсенал.
Клубот сега презема мерки да спречи нови заминувања од „Сигнал Идуна парк“, посебно на таков начин.
„Во четвртокот му кажав на тимот дека следниот играч кој ќе се обиде да направи такво нешто ќе доживее спектакуларен неуспех. Тој ќе има голем проблем. Следниот играч ќе стои на трибини. Сите го знаат тоа и стојам зад кажаното“, вели Вацке.