Борусија Дортмунд го објави своето прво големо засилување во јануарскиот преоден рок, потпишувајќи договор со 22-годишниот стопер на Базел, Швајцарецот Мануел Аканџи.
Аканџи, потпиша договор до летото 2022 година за отштета од фантастични 21.5 милиони евра, откако Базел претходно плати 700.000 евра за трансферот од Винтертур.
Аканџи има нигериско потекло, но настапува за Швајцарија, со која ќе игра на Светското првенство во Русија.