Фудбалерите на Борусија Менхенгалдбах со 5:1 го победија Аугсбург и се искачија на чело на колоната во Бундес лигата. Зад екипата од Менхенгладбах се наоѓаат пет екипи со по 14 бода.
Менхенгладбах прашањето околу победникот го решија во првите 15 минути кога постигнаа три гола. Закарија ја отвори серијата во втората минута потоа Херман постигна два гола во осмата и 13 минута, а полувремето со гол го затвори Плеа.
Во второто полувреме немаше голови до самиот финиш, кога Емболо го постигна петтиот гол за Борусија во 80 минута, а конечните 5:1 ги постави три минути подоцна Најдерлхнер.