Хановер успеа да извлече реми без голови против Борусија Дортмунд во првиот натпревар од второто коло во Бундеслигата.
Домаќините неочекувано имаа повеќе од топката во првото полувреме, но шансите беа на страната на „милионерите“. Марко Ројс прво имаше одличен обид кој беше спасен од Михаел Есер, додека во втората шанса само неколку минути ја погоди пречката.
Во второто полувреме, Боби Вуд имаше шанса за Хановер, пред Максимилијан Филип да го погоди дирекот.
Фото: ЕПА