Top Sport

Босна и Турција мирољубиво во Ризе (видео)

Турција и Босна и Херцеговина одиграа 0:0 во пријателски меч во Ризе, во кој и двете репрезентации имаа повеќе шанси за гол, но беа неефикасни во нападот.

Првата шанса на натпреварот ја имаа БиХ преку Един Вишќа во 15. минута, а три минути подоцна Закариќ и Вишќа пак беа во добра шанса. Турците ја преземаа иницијативата и имаа двапати добри шанса преку Чалханоглу, и една преку Унал.

Во второто полувреме, босанскиот селектор ги повлече Џеко, Пјаниќ и Вишќа од игра, и Турците тоа го искористија и имаа повеќе шанси пред голот на Беговиќ, преку Чалханоглу и Тосун.

Scroll to Top