Top Sport

Божинов не дебитираше, а доби црвен картон

Бугарскиот напаѓач Валери Божинов не се прослави на дебито за Пескара. Поточно тој си го расипа дебито и пред да се појави на теренот.

На гостувањето во Кротоне Бугаринот, од клупата за резерви, го пцуел судијата и добил црвен картон во 27 минута.

Пескара доживеа тежок пораз од Кротоне (4:1).

Божинов има 34 години, тој во Италија играч за Лече, Фиорентина, Јувентус, Парма, Верона, Винченца и Тернана.

Во кариерата настапувал и за Левски, Ботев, Риека, Лозана, Спортнг, Манчестер сити и Партизан.

Scroll to Top