Top Sport

Брахим Дијаз подготвен да ја „напушти“ Шпанија и да игра за Мароко

Фудбалерот на Реал Мадрид, кој игра како позајмен играч во Милан, Брахим Дијаз е подготвен да се откаже од шпанската фудбалска репрезентација и да почне да игра за Мароко, тврдат шпанските медиуми.

23-годишниот фудбалер од средниот ред претходно настапуваше за У-17, У-19 и У-21 репрезентациите на Шпанија, пред да дебитира за првиот тим во јуни 2021, кога во пријателски меч со Литванија даде еден гол при 4:0 победата. Но, откако не доби ниту еден повик оттогаш, поранешниот талент од академијата на Манчестер сити, сака да заигра за Мароко, бидејќи неговата баба има потекло од Мароко.

Тој претходно имаше понуда од Мароко пред Светското првенство во 2018 година, кога Ерв Ренар беше селектор, но тогаш одби таква шанса. Мароко, да потсетиме го освои четвртото место на СП во Катар, како прва африканска репрезентација која играла во полуфинале на еден Мундијал. Дијаз, пак, е еден од клучните играчи на Милан последните две сезони – оваа година има 23 настапи за „росонерите“ и 4 гола.

Scroll to Top