Top Sport

Брахим не размислува за Мадрид, сака титула со Милан

Ѕвездата на Милан, Брахим Дијаз не размислува за потенцијално враќање во Реал Мадрид и вели дека целта е со „росонерите“ да се освои титулата од Серија А оваа сезона.

Шпанецот се врати во Милан на двегодишна позајмица од Реал Мадрид, откако лани постигна 7 гола во 39 настапи за клубот и се чувствува одлично на „Сан Сиро“, постигнувајќи 4 гола во 7 настап иво сите натпреварувања.

„Милан се голем тим, ја чувствувам љубовта кон клубот од сите фанови. Минатата сезона беше добра и пресреќен сум што сум тука. Навистина не размислувам за враќањето во Реал Мадрид. Уживам во сегашноста и задоволен сум што сум тука. Сакам да помогнам на Милан и фокусиран сум на мојата работа“, вели 22-годишниот Брахим во интервју за „АС“.

„Росонерите“ имаат 5 победи и едно реми во шест меча и заостануваат два поени зад лидерите Наполи.

„Мислам дека ќе биде израмнета борба со многу тимови кои можат до титулата. Се фокусираме само на следниот натпревар, но мислам дека имаме тим со талент и мешавина на искусни и млади фудбалери. Ќе се бориме до крај“, инсистира Брахим.

Scroll to Top