Брајтон Хоув & Албион стигна до импресивна 1:0 победа над второпласираниот тим во Премиер лигата, Манчестер јунајтед на „Амекс стадионот“, уште еднаш покажувајќи колку е „ранлив“ тимот на Жозе Мурињо.
Човек на одлука беше Германецот Паскал Грос, кој го постигна единствениот гол на натпреварот во 57. минута по лошата реакција на целата одбрана на Јунајтед и на голманот Давид де Хеа.
Пред крајот на сезоната, Јунајтед ги очекува само ФА куп финалето против Челси, каде што ќе се обидат да стигнат до една титула во 2017/18, а во исто време се борат да го обезбедат и второто место во Премиер лигата, нешто за што нема да им помогне овој пораз.
Јунајтед останува втор со 77 поени на две кола пред крајот на сезоната, додека втори се Тотенхем со 72, но со три натпревари за играње.