Помалку чудно изгледа табелата во Премиерлигата по некомплетно второ коло.
Не е изненадување што Ливерпул по две кола има 6 бода и е лидер, неочеуваното е што тимот на Брајтон е веднаш зад нив со два стартни триумфи.
Попладнево Брајтон го реши Вотфорд на домашен терен со 2-0.
Двата погодоци беа постигнати во првото полувреме.
Дефанзивецот Дафи во 10 минута прецизно стрелаше за 1-0, а во 41 минута Мапи ги постави конечните 2-0.
Во следното коло Брајтон има шанси да го продолжи победничкиот низ, на свој терен го пречекува тимот на Евертон кој денеска зема само бод кај Лидс.