Top Sport

Брајтон го врати Вест хем на поразите (видео)

Брајтон ја прекина низата од три меча без пораз на Вест хем, откако голот на Глен Мареј во 25. минута беше доволен за важна победа, само втора за домашниот тим во новата сезона.

„Чеканите“ во претходното коло ги „растурија“ Манчестер јунајтед, но посетата на југот на Англија не помина најдобро, и Вест хем останува во близина на опасната зона за испаѓање.

Глен Мареј се најде на вистинското место по одличната акција на Брајтон по левата страна. Вест хем имаше повеќе од играта, но нивните напаѓачи не направија ништо посебно.

Scroll to Top