Брајтон Хоув & Албион успеаја да ја зголемат мизеријата на навивачите на Арсенал и на менаџерот Арсен Венгер, успевајќи да стигна до 2:1 победа за да се искачат на 10. место во Премиер лигата со сè повеќе шанси за сигурен опстанок во елитата.
Арсенал, откако двапати беше понижен од Манчестер сити со 3:0 (еднаш во финалето на Лига купот на „Вембли“ и еднаш на полупразниот домашен стадион во ПЛ), се надеваше на победа со која ќе останеа во трка за првите четири места и пласман во Лигата на шампионите.
Меѓутоа, стартот не ветуваше ништо добро. Брајтон дојде во водство во седмата минута преку Луис Данк, кој ја искористи лошата проценка на Петр Чех по еден корнер, за во 23. минута Глен Мареј со глава уште еднаш да го совлада голманот на гостите.
„Топчиите“ успеаја да намалат на 1:2 со прекрасниот гол на новото засилување Пјер-Емерик Обамејанг, но на крајот домаќините успеаја да издржат за супер важна победа. Арсенал се на шестото место во ПЛ со 45 поени, дури осум помалку од петопласираниот Челси.