Фудбалерите на Брајтон изборија пласман во четврт-финалето во ФА купот. Брајтон пред своите навивачи го совладаа тимот на Дерби каунти 2:1.
Домашниот тим резултатот го отвори во 33 минута преку Антонио Нокар, а до крајот на полувремето постигнаа уште еден гол преку Јирген Локадија во 45 минута.
Во второто полувреме Дерби каунти, кого од клупата го предводи легендата на Челси Френк Лампард, само го намали резултатот. Стрелец на голот беше уште една легенда на Челси, Ешли Кол во 81 минута.
Брајтон со пласманот во четврт-финалето го постигнаа најголемиот успех во историјата на клубот кога е во прашање ФА купот.