Брајтон ќе бараат над 100 милиони фунти за Моисес Каиседо од Челси, бидејќи сметаат дека тоа е неговата реална цена откако Арсенал се подготвени да дадат 105 милиони фунти за Деклан Рајс од Вест хем, тврди „Телеграф“.
Челси остануваат заинтересирани за Каиседо под водство на новиот менаџер Маурисио Почетино и 21-годишниот Еквадорец според неговиот клуб е на исто ниво со Рајс, а покрај тоа е три години помлад. Челси го срушија британскиот рекорд со трансферот на Енцо Фернандез од Бенфика за 106 милиони фунти, но потоа во летниот преоден рок продадоа еден куп фудбалери, вклучувајќи ги Матео Ковачиќ, Мејсон Маунт и Рубен Лофтус-Чик.
Арсенал двапати се обидеа да го донесаат Каиседо во јануари, со втората понуда од 70 милиони фунти, а оттогаш тој потпиша нов договор со клубот до 2027 година. Каиседо дојде во Брајтон во 2021 година за само 4 милиони фунти.