Фудбалерите на Брајтон забележаа значајна победа во Норич, во првиот натпревар одигран во рамките на 33 коло во англиската Премиерлига.
Брајтон до триумфот дојдоа со голот на Трусард постигнат во 25 минута.
Ваквиот резултат на Брајтон му го обезбеди опстанокот во Премиерлигата. Брајтон имаат девет бода повеќе од екипите кои се наоѓаат на 18 и 19 место, Астон Вила и Борнмут. Од друга страна Норич оди кон Чемпионшип дивизијата.
„Канаринците“ се последни во Премиерлигата со само 21 бод.