Фудбалерите на Брајтон приредија мало изненадување во Премиер лигата, откако во 10.коло, ја совладаа Астон Вила во Бирминген со 2:1. Играчите на Астон Вила по блескавата победа над Арсенал, во Лондон, беа фаворити, но таа улога не ја оправдаа на теренот.
Дени Велбек во 12.минута школски реалзиираше еден контранапад. За поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед и Арсенал ова беше петти гол во кариерата против Астон Вила.
Со предност на Брајтон играчите заминаа на одмор, а веднаш на стартот од вториот дел, Астон Вила стигна до израмнување на резултатот со голот на Консо.
Конечниот резултат го постави Марч во 56.минута.
До крајот на мечот играчите на Брајтон ја одбранија победата. Брајтон во 91.минута остнаа со играч помалку. Вториот жолт картон го доби младиот Лампти.