Top Sport

Брајтон со пресврт до победа над шампионот Манчестер сити

Брајтон успеа да се врати од 0:2 негатива против новиот англиски шампион Манчестер сити, за фантастична 3:2 победа пред 10-тина илјади верни навивачи, кои првпат се вратија на стадионите од почетокот на март.

Работите не тргнаа најдобро за тимот на Греем Потер – уште во втората минута „граѓаните“ стигнаа во водство преку одличниот Илкај Гундоган, меѓутоа веќе во 11. минута, Сити останаа со играч помалку по црвениот картон на Жоао Кансело. Ова не му пречеше на тимот на Пеп Гвардиола да го зголеми водството на 0:2, преку Фил Фоден во 48. минута од мечот.

Но, тогаш, „галебите“ почнаа да „летаат“ – Леандро Тросар намали на 1:2 во 50. минута, Адам Вебстер стрелаше во 72. минута, за четири минути подоцна камбекот да го комплетира Ден Брн. Мечот немаше значење за двете екипи – Сити веќе се шампиони во Премиер лигата, додека Брајтон одамна обезбедија опстанок.

Scroll to Top