Фудбалерите на Брајтон се пласираа во шестото коло (четвртфинале) од ФА Купот со победата над Њукасл на „Сент Џејмс Парк“, по продолженијата, 2:1 (1:1). Натпреварот го реши Дени Велбек во 114.минута.
Њукасл имаше предност од 22.минута кога Исак од пенал постигна гол. Во претпоследната минута играчот што го направи пеналот за Њукасл, Минтех го изедначи резултатот.
Домашните во 83.минута останаа со играч помалку, Гордон доби црвен картон. Силите на теренот се израмнија во 92.минута кога Ламти го доби вториот жолт картон. Една минута по исклучувањето на Лампти, Фабија Шер постигна гол за Њукасл, кој беше поништен поради офсајд.