Неверојатно, но вистинито. Нејмар се појави на тренингот на Барселона во недела за да се сретне со своите поранешни колеги и добри пријатели, Лионел Меси и Луис Суарез.
Бразилецот замина од каталонскиот гигант за Пари Сен-Жермен со рекорден трансфер од 222 милиони евра во текот на летото, но по сè изгледа нема лоши чувства меѓу старите колеги. Нарекувајќи ги Меси и Суарез „браќа“, Нејмар постираше фотографија на Инстаграм од триото во салата за физиотерапија на Барселона.
Трансферот засега добро делува на двата тима – и Барселона и ПСЖ се на првото место во своите лиги со четири поени предност пред конкуренцијата.