Top Sport

Браќата Погба „растурија“ на европските МТВ награди

Пол Погба, заедно со своите браќа Флорентин и Матијас присуствуваа на МТВ европските награди во Лондон во неделата навечер, каде што беа убаво дотерани и дури им „подарија“ на фановите еден мал танц.

Погба уште се опоравува од повредата на бутниот мускул, но шпекулациите велат дека многу бргу ќе биде во „строј“ и ќе се приклучи на тимот на Жозе Мурињо.

24-годишниот Погба и неговите двајца помлади браќа беа посебни гости на доделувањето на наградите, на кое водителка бешеРита Ора , а на кое настапија повеќе музички ѕвезди како Еминем, Бруно Марс и Деми Ловато.

Погба дури беше поканет да додели една награда, заедно со актерката Натали Дормер (позната од серијалот „Игра на тронови“).

MTV Ema London 2017 #MTVEMA

A post shared by Paul Labile Pogba (@paulpogba) on

Scroll to Top