Top Sport

Братот на Гигс сними реклама во која се потсмева со легендата (видео)

Родри Гигс многу години беше познат само како „измамениот“ брат на фудбалската ѕвезда Рајан Гигс, кој имаше осумгодишна афера со неговата сопруга Наташа, во скандал кој ги полнеше страниците на британските таблоиди.

Сега, по толку години, 41-годишниот Родри реши да ја „кешира“ оваа семејна несреќа со провокативна реклама за обложувалницата „Педи Пауер“ во која се потсмева со својот брат, со својата поранешна сопруга, но и со самиот себе.

Рекламата почнува со тоа што тој се претставува пред камерата и вели дека сака да зборува за „лојалноста“. Како пример за лојалност, тој го посочува пабот во кој секогаш пие, а на ТВ има снимка од пораз на велшката репрезентација под водство на неговиот брат Рајан Гигс со порака: „ќе се поставуваат прашања на менаџерот“ и Родри со „кисела насмевка“. Потоа, по еден обид да шутира топка на паркинг, Родри пие чај во шолја на Манчестер сити.

За крај, Родри Гигс порачува: „Лојалноста не ве води никаде. Затоа, живејте за награди“.

Инаку, неодамна, братот на Гигс потврди дека не зборувал со Рајан по крајот на аферата, а исто така додаде дека не зборува ниту со другите членови на семејството кои застанале зад неговиот брат.

Scroll to Top