Top Sport

Братски предизвик! Судбината на Пипо е во рацете на Симоне Инзаги!

Во првиот меч по Божиќ во Серија А ќе се судрат браќата Симоне и Филипо Инзаги, по деветти пат во својот живот, но првпат како тренери. Тренерите на Лацио (Симоне) и Болоња (Филипо) се под притисок да освојуваат поени, така што емоциите ќе мораат да ги остават на страна.

Предизвикот на „Ренато Дал’Ара“ е голем за Пипо, кој доколку загуби од тимот на својот помлад брат може да добие отказ од Болоња, на кои не им оди најдобро оваа сезона.  Статистиката е на страната на Пипо, кој победи трипати и трипати одигра нерешено против Симоне додека играше за Јувентус и Милан.

Симоне со Лацио се бори за место во Лигата на шампионите против Милан, Интер и Рома, додека Филипо е очаен за три поени за да се избегне зоната за испаѓање. Болоња го нема победено Лацио од март 2012 година и нема лигашка победа од 30 септември.

Овој дуел меѓу браќата Инзаги е втор ваков во историјата на Серија А, откако во сезоната 1949/50, Марио и Џовани Варглиен играа во два меча помеѓу Комо и Аталанта.

Scroll to Top