Фудбалската репрезентација на Бразил, во Виена, ја победи Австрија со 3:, во својот последен контролен натпревар пред заминувањето за Русија.
Селесао, еден од фаворитите за титулата во Русија, доминираше на теренот на стадионот „Ернст Хапел“ и стави крај на серијата во која се наоѓаше Австрија, од седум натпревари без пораз.
Дуелот го обележа брилијантниот потег на Нејмар, кога од игра го исфрли Драговиќ и потоа го постигна вториот гол за Бразил.
Стрелци на овој меч беа Габриел Жесус во 36., Нејмар во 63., и Фелипе Кутињо во 69.минута.
Бразилскиот селектор Тите дуелот го започна со својот најсилен состав: Алисон – Данило, Тијаго Силва, Миранда, Марсело – Паулињо, Каземиро, Кутињо – Вилијан, Нејмар, Габриел Жесус.
Бразил првиот натпревар во Русија ќе го одигра на 17.јуни против Швајцарија.