Top Sport

Бразил ќе се подготвува во Европа за настапот на Светското првенство

Последните подготовки пред Мундијалот во Катар, бразилските фудбалери ќе ги одработат во Европа. Ова го потврди координаторот Жунињо Паулиста. Планот е да остане на Стариот континент од 14 ноември.

„Ќе се собереме во Европа за да можат побрзо да стигнат играчите кои играат таму. Овојпат имаме само една недела за подготовки, така што мора да го цениме и да го искористиме секој момент“, изјави Жунињо.

Бразил на Светското првенство ќе игра во групата Г, со Србија, Швајцарија и со Камерун.

Scroll to Top