Top Sport

Бразилци тепале српско семејство на стадионот во Москва

Три члено српско семејство било нападнато од осум мина Бразилци, во финишот на синоќешниот натпревар помеѓу Бразил и Србија (2:0). Претепаното семејство е разочарано од однесувањето на обезбедувањето, редарската служба и сонародниците на трибините.

Тие раскажуваат за „telegraf,rs“, што се случувало на трибините.

„Од почетокот на мечот Бразилците што седеаа пред нас не провоцираа. Ни упатуваа погрдни зборови, покажуваа среден прст…Бев на натпреварот со моите родители, мојата мајка мораше да ги слуша тие навреди. Мојот татко ќутеше, а кога веќе не можеше да ги слуша им кажа да престанат. Тогаш еден од Бразилците стана и тргна кон него, а му се придружија уште седм мина. Јас се обидов да го одбранам. За жал и мојата мајка се бореше со нив“.

Нападнатото семејство е разочарано што немало никаква реакција од полицијата и дека само еден редар имало на тој дел од трибината. Сепак најмногу биле разочарани од однесувањето на сонародниците што биле околу нив.

„Страшно е што тука имаше голем број на Срби кои не ни помогнаа туку снимаа како Бразилците не тепаат. Не реагираа и на фактот што беше нападната една жена“.

Таткото и синот минале со полесни повреди, додека мајката не е повредена.

Scroll to Top