Нејмар пристигна во Рио де Жанеиро, каде што ќе оди на операција на скршената коска на стапалото, додека локалните медиуми се плашат дека не само што неговата сезона со Пари Сен-Жермен е завршена, туку е неизвесен и неговиот настап на Светското првенство во Русија.
Нејмар беше фотографиран во количка на аеродромот во Рио, а тимскиот доктор на бразилската репрезентација изјави дека паузата мора да биде два до три месеци.
„Се надеваме дека операцијата ќе помина најдобро, а периодот на опоравување е два до три месеци, но со секој човек е поинаку. Нејмар е тажен, но сфаќа дека нема друга опција. Ќе мора да работи напорно да се врати побргу, а ние ќе направиме сè што е во наша моќ“, изјави докторот на бразилската репрезентација, Родриго Ласмар.
Самиот Нејмар во средата навечер на Инстаграм постави фотографија како лежи на тревата по повредата.
„Пречките не мора да ве сопрат. Ако наидете на ѕид, не се предавајте, туку најдете начин да го прекачите“, напиша Нејмар.