Бразилскиот фудбалер Живанилдо Виеира де Соуса, попознат како Хулк (34) се враќа во Европа, поточно во португалски Порто откако 4 години настапува за кинески Шангај СИПГ. Договорот на Бразилецот со кинескиот клуб истекува на крајот на месецов, па Хулк наводно веќе се договорил за настап за Порто.
Моќниот офанзивен фудбалер кој е препознатлив по силниот удар за Порто настапуваше од 2008 до 2012 година пред да потпише за руски Зенит за 40 милиони евра. Од Русија направи трансфер во Кина за безмалку 56 милиони евра со годишна плата од 20 милиони евра.