Top Sport

Бразилски фудбалер го претепал судијата, ќе биде обвинет за обид за убиство

Бразилската полиција го уапсила фудбалерот на СК Сан Паоло, Вилијам Рибеиро. Фудбалерот во текот на натпреварот со Гуаранијел го претепал судијата Родриго Кривељар.

Инцидентот се случил вчера, во второто полувреме Риберио најпрвин го турнал судијата кој паднал на тревата, а потоа го удрли со нога по главата.

Несреќниот судија изгубил свест и веднаш бил префрлен во најблиската болница.

Според медиумите Риберио е уапсен и наскоро ќе биде обвинет за обид за убиство. Доколку биде осуден го очекува долга затворска казна.

Scroll to Top