Top Sport

Бразилски фудбалери бараат помош за заминување од Украина

Група на бразилски фудбалери кои настапуваат за украинските клубови побараа итна помош да си заминат од Украина откако по руската инвазија, украинскиотп претседател Володимир Зеленски објави воена сосотјба.

Фудбалерите од Динамо Киев и Шахтјор Доњецк побараа помош преку видео на социјалните мрежи додека престојуваат во Киев, а меѓу нив е и Жуниор Мораеш, кој од 2019 е украински државјанин и има 11 настапи за репрезентацијата.

„Сите пријатели и членови на семејството бараат решение за заминување. Ние сме во хотел. Молете се за нас“, напиша Мораеш на Инстаграм.

Scroll to Top