Top Sport

Бразилските весници се потсмеваат со Нејмар и неговата фризура (галерија)

Бразил немаше најдобар старт на Мундијалот, и локалните весници воопшто не беа импресионирани од 1:1 ремито со Швајцарија, ниту од својата најголема ѕвезда Нејмар и неговата нова фризура.

Селекцијата на Тите не успеа да ја пробие „тврдоглавата“ одбрана на Швајцарците, додека Нејмар беше постојана „мета“ на нивните дефанзивци, откако најголемо внимание предизвика неговата руса коса, и дел од медиумите тврдеа дека фризурата беше подобра него неговите перформанси на „Ростов арената“.

Во „Екстра“ насловот велеше „Фризура 10 – фудбал 0“, додека весникот „Естадо де Минас“ тимот наместо „селесао“ го нарече „Фрустрасао“. „Зеро хора“ го спореди Нејмар со папагал кој за жал не пеел.

Нејмар беше фаулиран 10 пати, најмногу од еден фудбалер откако фудбалерите на Тунис го фаулираа Алан Ширер 11 пати во 1998 година.

Бразил ќе има шанса за поправен во петок попладне против Костарика.

Scroll to Top