Top Sport

Брегалница ја засили одбраната со Александар Ристевски

Централниот дефанзивец Александар Ристевски е најновото засилување на Брегалница за претстојната сезона во Првата македонска фудбалска лига. 30-годишниот Ристевски изминатата година настапуваше во редовите на косовскиот прволигаш Приштина, од каде сега доаѓа во Брегалница.

Ристевски има богата прволигашка кариера зад своето име настапувајќи за Металург, Скопје, Победа, Пелистер, Ренова, Струга ТЛ и за Работнички во македонскиот шампионат, како и за екипата на Влазнија во албанското првенство.

Во досегашниот преоден рок Брегалница се засили и со досегашниот фудбалер од средниот ред на Академија Пандев, Адис Хаџановиќ од БиХ, Белгиецот Фајсел Касми, поранешниот македонски репрезентативец Горан Силјановски, долгогодишниот капитен на Борец, фудбалерот од средниот ред Ѓорѓи Ѓорѓиев, дефанзивецот Александер Борха Кордоба, како и црногорскиот голман Немања Шчекиќ.

Scroll to Top